Европската Унија ги претстави насоките за развој на вештачка интелигенција

0 коментари 2 мин. читање

Европската Унија ги престави етичките насоките кои треба да им помогнат на развивачите на вештачка интелигенција во развој на технологијата. Покрај листата со препораки, за летото е најавен и пилот проект кој треба да ги потврди предложените мерки.

Вештачката интелигенција треба да ги следи сите закони и регулативи и дополнително да ги задоволи предложените совети.

  • Човечки надзор: Вештачката интелигенција треба да овозможи рамноправно општество поддржувајќи го изборот на луѓето и основните човекови права, а не да ја намалат, ограничат или да ја насочат погрешно човечката автономија.
  • Робустност и безбедност: Безбедна вештачка интелигенција подразбира и безбедни и доверливи алгоритми, кои се доволно робусни да се справат со грешки и недоследности во текот на сите фази од циклусот на вештачката интелигенција.
  • Приватност и владеење со податоци: Граѓаните мора да имаат потполна контрола врз своите податоци, а податоците кои се однесуваат на нив не можат да се користат против нив.
  • Транспарентност: Работата на системите за вештачка интелигенција мора да биде отворена за следење.
  • Разновидност, недискриминирање и праведност: Системите за вештачка интелигенција треба да го разгледаат целиот спектар на човечки способности, вештини и барања и да обезбедат пристапност.
  • Општествена и еколошка благосостојба: Системите за вештачка интелигенција треба да се користат за подобрување на позитивните општествени промени и да ја зајакнат одржливоста и еколошката одговорност.
  • Одговорност: Треба да бидат поставени механизми за да се обезбеди одговорност за системите, вештачката интелигенција и исходите од нивна примена.

Правилата ги креираше тело од 52 експерти од индустријата, академијата и граѓанските организации.

Следно за правилата е тест. За оваа цел и ќе започне пилот проектот кој ќе треба да ја утврди применливоста на овие 7 основни насоки. Овој дел од програмата започнува веќе налето.

Дотогаш ќе остане да погодуваме како ќе се одвива имплементацијата на советите. Дел од барањата се сложени и нема едноставно да можат да се имплементираат. Дополнително дел од нив како „позитивни општествени промени“ не се насекаде исти, па она што е прифатливо  во една држава, може да не е прифатливо во друга.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед