Стандардната процедура за отстранување софтверски апликации знае да биде нецелосна и, во поголемиот дел, го отстранува дрвото, но не и корените. Како резултат на ова, хард дискот и оперативниот систем се непотребно оптоварени и би можеле да се окарактеризираат со забавено извршување на одредени процеси. Revo Uninstaller 2.0 е бесплатната апликација која ги отстранува тврдоглавите остатоци на некој програм не само од сите фолдери туку и од регистарот.
Најновата верзија на Revo Uninstaller се има надградено и се одликува со 64bit поддршка. Тоа значи дека можете лесно да пронаоѓате и целосно да отстранувате и 64bit софтвер. Една од поинтересните функции со кои се одликува програмот е функцијата Hunter Mode Tool која ви дозволува да повлечете и пуштите икона од несаканиот програм врз Hunter Mode кратенката за да го избришете.
При преземање на програмот доколку ја сакате бесплатната верзија, внимавајте да не ја преземете професионалната верзија на Revo Uninstaller 2.0. Официјалниот сајт вложува огромни напори да ве принуди да одите со професионалната, а со тоа и платежната верзија. Бесплатната верзија е сосема доволна за исполнување на овие потреби, а ви стои на располагање и пренослива верзија.
Во случај да сте отстранувале програми преку стандардниот uninstall процес, би било убаво да пробате да ја до оптимизирате работата на компјутерот и со добро познатиот CCleaner. Бесплатната верзија на апликацијата отстранува непотребни работи од оперативниот систем, апликациите и регистарот, а се одликува и со корисни алатки како анализа или неповратно бришење на диск, барање дупликати, деактивирање апликации кои се покренуваат со системот и слично.
[…] систем, тогаш не мора да барате подалеку од Revo Uninstaller и CCleaner, или Black Bird Cleaner, како и […]
[…] CrystalDiskInfo ги надгледува вашите драјвови од вашиот HDD, или SDD и прикажува податоци од SMART доменот, односно Self-Monitoring Analysis and Reporting Technology, или технологија за анализа од само-надгледување и известување. Ова е од особена важност затоа што лесно можете да добиете повратна информација за здравјето на дискот и дали треба благовремено да реагирате. Како одредени совети за благовремена реакција се препорачува заштита на вашите податоци со Paragon Backup & Recovery Free, или правење бекап на вашите податоци со EaseUS ToDo Backup Free. CrystalDiskInfo ја прикажува и моментната температура на драјвот, но и интересни детали како колку часови истиот бил активен. Паралелно со ова, не заборавајте ни да ги оптимизирате перформансите на вашиот компјутер со Revo Uninstaller и CCleaner. […]
[…] со забавено извршување на одредени процеси. Прочитајте повеќе за програмите кои ќе ви помогнат да се справите со […]
[…] би ги упатиле кон надалеку-познатите Revo Uninstaller и CCleaner, Synei System Utilities 4 или Black Bird Cleaner. Што се однесува до […]
[…] на системот би ги упатиле кон надалеку-познатите Revo Uninstaller и CCleaner, Synei System Utilities 4 или Black Bird Cleaner. Што се однесува до […]