Улицата Македонија, од плоштадот Пела до поранешен МкДоналдс, плоштадчето Јадран, кејот 13-ти Ноември покрај ГТЦ до плоштадот Карпошово Востание, па се до спортската сала Градски Парк и некои места во Дебар Маало ќе бидат „бесплатна интернет зона“, вели Општина Центар. Општината стапува во соработка со безжичниот интернет провајдер Sun Wireless кој ќе им обезбеди бесплатен интернет на граѓаните и туристите кои секојдневно се движат низ „хот-спотовите“. Бесплатниот Wi-Fi е достапен од 1-ви декември.
„Воведувањето на бесплатниот безжичен интернет во рамки на општината е чекор напред кон целосна модернизација на истата и ја потврдува отвореноста кон новите технологии со достапноста на безжичниот интернет како за жителите, така и за посетителите на општината“, велат од општината.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.