0 коментари 2 мин. читање 2 декември, 2013

Војската на САД е казнета со 50 милиони долари заради пиратерија

САД ќе и исплати 50 милиони долари на компанијата Apptricity, бидејќи пиратирала илјадници копии од нивниот софтвер, јавува BBC. Apptricity развива софтвер за логистика за Армијата на САД од 2004 година, но војската го користи на далеку поголем број на компјутери отколку што има лиценци.

Според податоците на Apptricity, софтверот е купен со 500 лиценци, а го користеле над 9.000 војници. Софтверот кој го произведува компанијата се користи за следење на војската и на снабдувањето. Компанијата бараше 224 милиони долари за оштета, но сепак се сложија за 50 милиони долари кои ќе бидат вложени во развој. Интересно пиратеријата на војската на САД ќе останеше непозната доколку на прес-конференција учесниците не објавеа дека софтверот го користат илјадници војници.

„Apptricity е возбудена што ќе може судската разрешница да ја искористи како катализатор, за агресивно инвестирање во нашиот тим, нови решенија и неискористени пазари.“ вели финансискиот директор на Apptricity, Ренди Либерман.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top