{mosimage}Излезе Opera 10.10. Оваа верзија од прелистувачот го содржи и Opera Unite, веб сервер преку кој корисниците можат да споделуваат слики, музика, веб сајтови, форуми… Се што споделува корисникот е хостирано на неговиот компјутер. „Дали сте некогаш споделиле 10ГБ слики директно од вашиот компјутер?“ пишува во соопштението од Opera во кое директорот на компанијата Џон вон Тетцчнер вели..
„Тоа што променивме е начинот на интеракцијата на корисникот со мрежата. Со давање можност на нашите уреди да споделуваат содржина, ние стануваме еднакви граѓани на интернет. Во време кога сакаме да имаме контрола врз нашите лични податоци, Opera Unite ни дава слобода да избереме како ќе ги споделиме информации.“
Со Opera Unite корисникот ќе може да одреди што сака да сподели, кои фолдери, кои слики итн., и се што е означено за споделување е лесно пристапно т.е јавно на интернет. Opera Unite ќе ви додели адреса базирана на корисничкото име и вашиот веб сервер ќе биде достапен преку таа адреса. Така наместо да закачувате фајлови на пример, RapidShare, вие можете да ја споделите адресата на вашиот Unite сервер со вашите пријатели/соработници и тие ќе ги симнат информациите директно од вашиот компјутер.
Opera 10.10 е достапна за симнување од официјалниот сајт.






