OpenLimo сака да биде српски Uber

Група српки програмери сака да им помогне на сите превозници да бидат како Uber. Станува збор за исклучително искусни програмери, јавува Startit.rs.

Целта на OpenLimo технологијата на која работат програмерите е да се обидат и да им помогнат на традиционалните превозници. Овие компании сега се загрoзени од новите технологии. Главна причина за ова е што овие превозници и премногу се насочени кон старите пракси.

OpenLimo е софтвер-како-услуга платформа (SaaS), која на превозниците ќе им помогне да креираат апликации преку кои полесно ќе стапат во контакт со нови, но и веќе постоечки клиенти. Идејата е да се креира сервис кој ќе овозможува повици и диспечинг, аналитика и управување со бизнисот.

Српскиот стартап пред се е насочен кон САД каде како превозници работат десетици илјади компании, а пазарот е вреден над 700 милијарди долари. Развивачите потенцираат дека не работат единствено на една апликација, туку на развој на цел сет од алатки. Идејата е да се собере што е можен поголем број на компании кои ќе ја користат платформата.

Засега OpenLimo е во фаза на развој и е далеку од готов производ. На развојот работат искусни програмери кои зад себе имаат неколку успешни производи во САД.

Прашање е колку има простор сега за спротивставување на компании како Uber или Lyft кога ќе се решат да навлезат на некој пазар.. Дали е може локалната конкуренција преку платформи како Openlimo или пак Claxi да им се спротистави? Компаниите ваќе ја најавија својата следна фаза превоз со автономни возила, а конкурентите сè уште се далеку од конкурирање на сегашната технологија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk