Open Hardware Monitor ви дозволува надгледување на перформансите на вашето PC во реално време

Во случај да се сомневате во начинот на кој работи вашето PC или пак едноставно сакате да видите каква е моментната состојба и дали некаде се креваат црвени знамиња, Open Hardware Monitor е исклучително корисна алатка.

Со Open Hardware Monitor можете да проверите најразлични вредности, од температурата на вашиот процесор, преку искористеност на работната меморија, па се до просторна искористеност на вашиот хард диск.

CPU Temp, Fan Speeds, Mainboard Voltages, GPU Sensors and Hard Disk Temperatures of a PC

Немате потреба од инсталирање на Open Hardware Monitor затоа што се испорачува во пренослива форма. Откако ќе го префрлите на некој фолдер, можете да го покренете и да бидете опсипани со најразлични вредности. Покрај горе-споменатите работи, алатката ја надгледува и брзината на вашите вентилатори, температурата на вашата графичка карта (ATI или NVIDIA) и многу повеќе!

Open Hardware Monitor се покренува на 32-bit или 64-bit системи кои можат да бидат XP / Vista / 7 / 8 / 8.1 / 10, како и каков било Linux систем заснована на x86 архитектура.

Преземете го тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk