0 коментари 2 мин. читање 28 октомври, 2016

Онлајн курс: „Откриј се себе си: изгради кариера и направи импакт“

Откриј се себе си: изгради кариера и направи импакт“ е името на првиот онлајн курс организиран од Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал од Македонија и нејзините партнери.

Курсот, кој е бесплатен, се состои од четири поглавја:

  • личен развој,
  • професионален развој,
  • општествен и
  • одржлив развој.

Курсот за младински развој ќе трае вкупно 4 недели (ќе ви бидат потребни 3-4 часа во текот на 1 недела) и ќе биде изведен преку платформата iVersity. Предавачи на курсот ќе бидат Антоанета Иванова, Ана Алибегова, Бистра Кумбароска, Ондреј Масиар, и Марија Матовска, кои се младински работници со повеќегодишно искуство во младински активизам и развој од Македонија и Словачка.

Лекциите се замислени да бидат во формат на видео презентации пропратени со дополнителни материјали и задачи, кои ќе им помогнат на сите учесници да ги откријат своите вредности, да ги направат правите чекори во поглед на избор на кариера, да добијат совети за како да постанат вистински професионалци и да се стекнат со вештини и алатки за да помогнат на заедницата која ги опкружува преку работа на проекти, мобилност, волонтирање и сл.

Од Младиинфо потенцираат дека курсот е достапен на сите заинтересирани лица на возраст од 18 – 30 години, без ограничување на географските граници. За да се пријавите посетете го следниов линк.

Во проектот се вклучени и организациите Mladiinfo Slovensko од Словачка, како и The Global Experience од Германија, а истиот е поддржан од Европската програма Еразмус Плус и Националната агенција за европски програми и мобилност.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top