0 коментари 2 мин. читање 20 август, 2015

Хакери објавија 9,7GB украдени податоци од сајт за романтични средби

Хакерите кои го пробија сајтот за романтични средби AshleyMadison.comја остварија својата закана и споделија податоци од повеќе од 9,7 гигабајти. Содржина на објавените податоци се детали за профилите на 32 милиони корисници, време кога се логирале, податоци за трансакции од последните 7 години и слични лични детали, јави Wired. AshleyMadison е најголемиот и најверојатно најпознатиот сајт за соппружници кои си ја бараат „среќата“ надвор од бракот. Пред пробивањето имаа околу 40 милиони корисници, иако хакерите обвинуваат дека голем дел од профилите се лажни. Дел од корисниците давале лажни податоци на сервисот, но податоците кои се поврзани со кредитната картичка се точни.

Светла точка, ако воопшто може да се зборува за вакво нешто е заштитата на корисниците. Лозинките се хаширани со bcrypt алгоритам кој е многу потежок за пробивање, а можеби е чудно што сајт чија главна понуда е изневерување на сопружниците може да посрами голем дел од останатите компании кога е безбедноста во прашање.

Единствената можност хакерите да на ги објават податоците беше Avid Life Media да ги затвори своите сајтовите. Откако стана јасно дека сопствениците на AshleyMadison.com и EstablishedMen.com нема да ги затворат сајтовите, хакерите ги објавија податоците, во кој се шпекулира дека се и податоците на поранешниот премиер на Британија, Тони Блер.

Нападот врз AshleyMadison.com го изврши групата Impact Team, но најголемата штета може да биде предизвикана по објавувањето на податоците. Без сомневање ќе се појават луѓе кои со уцени ќе сакаат да заработат од податоците кои иако се јавно објавени, најголем дел од луѓето нема да ги читаат имињата на 32 милиони корисници на сајтот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top