MarkO, македонскиот локациски потсетник на CodeWell доби нова верзија во која се додадени интересна функционалност за зачувување на постојана локација. MarkO е to-do апликација за Android и часовниците со Android Wear која наместо да ве потсетува според време, ве потсетува според локација, пример ве потсетува дека треба да купите млеко кога ќе поминете покрај супермаркет.
MarkO има опции за гласовно внесување команди, опција да ги поканите пријателите да извршат некоја обврска или да внесувате обврски во само неколку чекори. Но, сега има нова верзија со можност за додавање на постојани локации, пример додавање на локација на вашито дом и работа. Со ова MarkO ќе ве потсети за обврските секогаш кога ќе стигнете на работа или кога ќе се вратите дома, или кога ќе посетите факултет, или некоја друга локација што сакате да ја зачувате. Стартапот кој доби инвестиција од холандскиот акселератор Rockstart, веќе има сугестии за локација, па штом MarkO ќе ви ги научи навиките и најпосетуваните локации, ќе може да ви даде сугестии според нив. Пример, кога ќе внесувате обврска, ќе ви предложи да ја направите кога сте home, work или аt school.
[…] неколку од најпознатите македонски стартап компании, MarkO и […]