Onavo Protect на Facebook не е баш соодветен VPN

Корисниците на iOS можеби веќе ја забележале новата функционалност на Facebook апликацијата „Protect“.  Станува збор за VPN Onavo Protect кој од 2013 година е дел од Facebook, пишува Wired. Додавањето на Onavo не е ново, но тоа не значи дека треба да го користите.

За жал, оваа алатка на Facebook е далеку од она што треба да биде за онлајн безбедност. VPN треба да биде некаков посредник помеѓу корисникот и остатокот на интернетот, и со тоа треба да нуди поголема приватност и безбедност онлајн. Сепак, апликацијата на Facebook има уште една функционалност, го брои интернет сообраќајот кој го трошат апликациите.

Она што секако е проблем е што и оваа функционалност, како и речиси сѐ друго што излегува од друштвената мрежа, се користи за следење на корисниците. Така, наместо да ве извести што да правите за поголема безбедност, ја следи и регистрира посетата на страници. Иако корисникот можеби и добива нешто поголема безбедност, за неа плаќа со своите податоци. Дополнително, ова овозможува следење на корисниците и надвор од друштевната мрежа.

За следење на корисниците надвор од друштвената мрежа, Facebook веќе изгуби еден спор во Европа. Тогаш стануваше збор за интернет колачињата кои друштвената мрежа ги остава на компјутерите за да може да ги следи и кога не се логирани. Одговорот тогаш беше дека ова е за полесно логирање, но судот во Брисел не беше импресиониран.

Назад на Onavo… Дури и во самиот опис на апликацијата не крие дека собира податоци од корисникот и истите ги споделува со друштвената мрежа. VPN секако ги има податоците на корисниците, но навистина добрите гарантираат дека нема да зачувуваат, ниту да користат ни дел од овие податоци.

„Onavo ги собира податоците од мобилниот интернет сообраќај. Ова ни помага да го подобриме сервисот преку анализа на користењето на страниците, апликациите и податоците. Бидејќи сме дел од Facebook, ги користиме овие податоци за да ги подобриме производите и сервисите на Facebook“.

Со оглед на тоа дека целата идеја со користење на VPN е да имате поголема приватност, користењето на Onavo е ужасна идеја. Секако, алатката овозможува поголема безбедност, но повторно се враќаме на: „ако нешто на интернет е бесплатно, тогаш производот сте вие“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk