Неколку интересни игри од Google Doodle за да си ја намалите продуктивноста

во Веб

Секако дека можете да пронајдете куп начини за да си ја намалте продуктивноста. Сепак, можеби најдостапни се кусите Google Doodle со кои Google промовира некои настани. Она што е интересно е дека овие куси игрички се поиграни од куп ААА наслови.

Неодамна Mashable креираше листа од десетина игри кои се помеѓу најдобрите, еве дел од нив:

Halloween 2016, мачка волшебник

Според Mashable, а и според нас, ова е најверојатно една од најинтересните игри на Google Doodle. Во текот на играњето играчот е во улога на мачор волшебник и треба да ги победи лошите духови. Контролирањето е преку повелeкување со глувчето и цртање на соодветните симоболи.

30 години Pacman, Pacman

Секако овaa Google Doodle игра излезе за да ја одбележи 30 годишнината на Pacman. За Pacman секако не e потребно никакво дополнително претставување.

44 Години HipHop, Вртете плочи како DJ

Оваа игричка Google ја издаде да ја одбележи 44 годишнината на хип-хоп. Иако делува помалку здодевно, сепак може да изгубите часови менувајќи плочи и скречувајќи.

Рубикова коцка

Ако никогаш не сте решиле рубикова коцка, еве ви ја шансата да потрошите малку време на работа обидувајќи се.

Валентајн, Сѐ за љубов

Собирајте какао низ Гана во името на љубовта.


Има уште интересни Google Doodles на кои може да потрошите куп време. Секако најпрво осигурајте се дека имате доволно време на располагање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments