OMsignal ќе ви продаде паметна маица која ги следи вашите фитнес активности и нивото на стрес

Канадскиот стартап OMsignal започна со прифаќање на нарачки за паметните ОМ маици и блузи. Првите модели на OM доаѓаат во неколку верзии маици без ракави, со куси ракави, поткошула и блуза со долги ракави. Излегувањето на првите маици OM го објави на својот блог.

Маиците доаѓаат со технологија која ја следи работата на срцето, дишењето, волуменот на воздухот кој го вдишувате, бројот на направени чекори, потрошени калории, интензитет на движењето и пулсот. Маицата се впарува со паметниот телефон и ќе ви кажува што правите погрешно додека вежбате, на пример треба да дишете подлабоко или да го зголемите интензитетот на движењето. Како што може да претпоставите маиците доаѓаат со куп интегрирани сензори можат да направат прецизен ЕКГ, од кој може да се види пулсот и промените во работата на срцето што овозможува најпрецизно да се пресметаат потрошените калории и физичкиот напор. Други сензори го бележат вдушувањето, рамнотежата и ја следат активноста со брзинометар. Батеријата која ја напојува маицата овозможува континуирана работа 30 часа вежбање или 2-3 дена само носење на маицата, друга функција на „црната кутија“ во која е сместена батеријата е испраќање на податоците од сите сензори на OMsignal апликацијата.

OMsignal маиците ќе бидат достапни во летниот период, првата маица и „црната кутија“ чинат 200 долари, а останатите маици од 100 до 140 долари.

[youtube]MDa_af2pAdo[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments