0 коментари 2 мин. читање 9 мај, 2014

Дури 70% од луѓето ќе се доведат во опасност за да си го вратат украдениот телефон

Изгледа невeрoјатно, но дури 70 отсто од испитаниците на анкетата на Lookout се изјасниле дека би се довеле во опасност за да го вратат својот украден телефон, пренесе Fast Company.

Анкетата е направена на 2.400 учесници од САД, Франција, Британија и Германија. Интересно резултатите покажуваат дека дури 40 отсто од телефоните се крадат преку ден во период од 12 до 17 часот. Најмногу телефони се крадат/губат во ресторани, 16 отсто, а корисниците најверојатно подобро ги чуваат телефоните во ноќните клубови каде се украдени/изгубени само 11 отсто од телефоните, колку што е и процентот на телефони кои исчезнале на работно место.

Идентитетот на сопствениците на телефоните бил доведен во прашање во 9 отсто од случаите кога им бил загубен телефонот. Интересен е и фактот дека секој трети корисник би платил 1.000 долари за да го добијат назадсвојот телефон, ова се разбира пред се однесува на податоците кои ги имаат зачувано на телефонот како фотографии, контакти, пораки, видеа и слично.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top