OdinMonkey е модул вграден во делот за ивршување на JavaScript IonMonkey во Firefox кој го оптимизира извршувањето на asm.js. За тие што не се запознаени што прави asm.js, тој го зема JavaScript кодот и го преведува на асемблерски јазик, на што и се извршува од страна на процесорот. Задачата на OdinMonkey е да го оптимизира тој процес на начин што извршувањето на JavaScript кодот би било двапати побавно доколку се извршува директно во прелистувачот, наместо на локалниот простор.
Иако на прв поглед не изгледа толку брзо, сепак е некаков напредок и го намалува доцнењето во споредба со извршувањето на локално ниво. Asm.js е имплементиран во Chrome и се извршува околу 10 пати побавно, додека кај Firefox (без OdinMonkey) е 12 пати.
Во моментот, OdinMonkey е имплементиран во Firefox Nightly, а негова официјална интеграција ќе има во верзијата 22 која треба да биде објавена во текот на април. Доколку сето ова ги помине тестирањата и има значителни подобрувања, Mozilla ќе може да му конкурира на Google Native Client со кој директно може да се извршуваат програми напишани во C/C++.
Интересно, според програмерот на Mozilla Лук Вагнер, инспирацијата за името OdinMonkey дошла од песна на метал бендот Amon Amarth.








