Observer: System Redux e оригинален спој на sci-fi, cyberpunk и хорор елементи

Кога се работи за авантури засновани на силно контекстуално истражување, три работи се клучни за достигнување успешна формула: приказна, имерзивност, и актерски способности. Развојното студио Bloober Team мора да се свесни за ова; во спротивно, зошто одново би се навраќале на наслов од 2017 година? Observer: System Redux е љубовно писмо не само за оние кои му пружија шанса на насловот пред скоро четири години, туку и за оние што апсолутно уживаат во чистокрвни cyberpunk детективски авантури, каде фокусот е истражување, малку фрустрирачко прикрадување и запрепастувачки дози имерзивност.

Дистописко општество

Светот во кој ќе навлезете е разрушен од чуми и војни, а надежта за посветла иднина е непознат поим за жителите. Еден од таквите жители, Даниел Лазарски, е детектив кој користи направа која може да ги хакне умовите на (мртви) луѓе и да извлече докази кои ќе му помогнат полесно да ги разреши грозоморните случаи кои го опкружуваат. Паралелно со ова, користите EM Vision и Bio Vision за да анализирате електронска опрема, односно идентификувате биолошки примероци. Во истражување на мрачните, угнетувачки простори, дефинитивно помага и алатката Night Vision. Секоја алатка што ќе ја искористите, секоја трага што ќе ја анализирате и секоја соба што ќе ја истражите отвора нови слоеви од комплексната приказна.

Во случај да сте огромни фанови на Blade Runner и 1984, ќе се чувствувате како дома со приказната која, овојпат, е значително проширена од оригиналната игра. Имено, на главниот лик, Даниел, му се позајмува гласот од актерот кој глуми во Blade Runner, Ратгер Хаур, a постојано низ играта ќе наидувате и на бројни референци од книгата на Џорџ Орвел – 1984.

Имерзивна нелинеарност

Во Observer: System Redux, Bloober Team мајсторски жонглира детективски елементи со тие на психолошки хорор. Таквата напната атпосфера е значително потпомогната со дизајнирање впечатливо дистописко опкружување и паметно имплементирање звучни ефекти.

Во ниеден момент не сведочевме рециклирани или мрзеливо осмислени места. Просторот кој не опкружува отвора бројни можности за контекстуално извлекување заклучоци, а бројните прашања кои ве бомбардираат лесно можат да останат неодговорени. Observer: System Redux е игра со отворена интерпретација, а вашето напреднување и изборите кои ќе ги донесете директно влијаат на крајот.

Целта во оваа игра не се ниту борби, ниту евтини веќе-видени jump-scare механики. Напротив, во Observer: System Redux целта е истражување, впивање на морничавата атмосфера и прифаќање на начинот на функционира светот во кој се имате најдено. Ништо не се решава со брутална сила, а ретките ситуации во кои ќе наидете на непријатели, се, всушност, паметно осмислени секвенци со прикрадување каде криењето е ултимативното оружје.

Во градење на ултимативната имерзивност, она што навистина помага се талентираните актерски способности кои, во комбинација со маестрално осмислената звучна подлога, го креваат целокупното искуство на едно повисоко ниво. Паралелно со ова, надградениот графички енџин покажува значително подетален свет, полн со веродостојни анимации и впечатливи ефекти.

Observer: System Redux е игра која не можете лесно да ја заборавите. Во моментот кога ќе ја завршите десетчасовната кампања, лесно би можеле да бидете вовлечени во целосно нова игра, чисто за да проверите да не сте пропуштиле некој спореден квест или да видите дали би можеле да извлечете некој друг крај.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] на хорор жанрот. Годината по тоа, во 2017, излезе Observer – одличен психолошки хорор кој за брзо време собра […]