0 коментари 2 мин. читање 13 ноември, 2012

Објавена e програмата за LeWeb Paris 2012

На нешто помалку од еден месец до започнувањето на овогодинешната LeWeb конференција во Париз, организаторите денес ја објавија програмата за настанот. Оваа година, главна тема на LeWeb Paris кој ќе трае од 4ти – 6ти декември е „Интернет на нештата“, односно како можете да постигнете целосна контрола на секојдневните работи со помош на технологијата.

Свое учество ќе земат Тони Фејдел од Nest, Џејмс Парк од Fitbit, како и претставници од Lifx Lightbulbs и Lockitron. Исто така, на сцената на LeWeb Paris 2012 ќе се појави и Бенџамин Сиси – главен софтверски инженер во лабораторијата на NASA која е задолжена за испитување на Марс.

На конференцијата ќе се зборува и за конектирање на човечкото тело на Интернет. На таа тема, свој говор ќе одржи Амбер Кејс – киборг антрополог, Ариел Гартен од Interaxon и Дејвид Кен од Double Robotics.

Покрај веќе наведените учесници, свое учество ќе земат и претставници од Twitter, Facebook, Google, WordPress, и сл. Сите заинтересирани, своите апликации можете да ги испратат овде, а за студентите и фриленсерите има специјални попусти.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}