1 коментар 2 мин. читање 13 ноември, 2012

Апликација на денот: Student'U за подобар студентски живот

Станува збор за прилично нова друштвена мрежа и апликација на пазарот. Student’U е друштвена мрежа наменета за студентите кои сакаат брзо да ги откријат тајните на студентскиот живот и да запознаат нови колеги. Со оваа апликација студентите може да си го подобрат, подобро организираат и да го направат позабавен својот студентски живот.

Секако дека Facebook е одлична мрежа за одржување на контактите со вашите пријатели, но со Student’U можете да ги откриете студентите во ваша близина, да стапите во контакт со нив и да го подобрите друштвениот живот. Со користењето на оваа апликација, имате можност да изберете еден од петте профили кои ќе ја дефинираат вашата цел, а со тоа апликацијата ќе го одреди и кругот на пријатели и настани што може да ве интересираат.

„Student Profile“ и „Facebook Flirt Profile“ ве поврзува со останатите студенти кои се сконцетрирани на студентскиот живот. Додека, „Discovery Profile“ и „Facebook Global Profile“ се јавни профили и ви овозможуваат излез надвор од студентскиот живот и запознавање на луѓе кои не се на факултет. Петиот тип на профил е приватен и е наменет за потесниот круг на пријатели.

Преку вашиот профил можете да го поставите начинот на кој сакате да комуницирате и со кои личности би сакале да се запознаете. Апликацијата е достапна за Android 2.2+, iOS и WP7+, и можете бесплатно да ја преземете од StudentU.me.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
ednooki
ednooki
13 years ago

Непотребно дуплирање на социјални мрежи. Ќе почнат да никнуваат на секој чекор сега.

Мени
Заедница
Изглед
To top