{mosimage}Најголемата друштвена мрежа во светот, Facebook, денеска на својот блог објави дека тестира и наскоро ќе го имплементира пребарувачот во реално-време за сите вести и линкови споделени преку профилите на вашите пријатели. Со ова, Facebook повторно копира функционалност која за прв пат се појави кај сервисот за микро-блогирање Twitter. Сегашната функција за пребарување на Facebook е корисна само за пребарување профили на луѓе, бизнис сајтови, групи и апликации, без никакви резултати за содржини или она што се пишува по “ѕидовите” на пријателите.
Во последно време, кога луѓето имаат желба да дознаат што се случува некаде во светот баш во тој момент, се основаат на пребарувачот на Twitter, кој пред некое време ги воодушеви дури и семоќните Google.
Планот на друштвената мрежа е да конкурира на Twitter и целосно да го измени пребарувачкото искуство, со нов дизајн на страните со резултати, кои иако ќе ги задржат постојните информации за луѓе, бизнис профили и групи, дополнително ќе имаат можност да пребаруваат клучни зборови низ своите профили, вклучувајќи и коментари на слики, линкови, видеа и слично.
"Луѓето околу нас се моќен извор за пронаоѓање нови и интересни информации – од последните случувања на последната епизода на The Office па се до предлози за каде да идете на одмор и случувањата во светот." – пишува на блогот на Facebook.
Примерот за пребарување кој е посочен на блогот е актуелната криза во Иран:
{mosimage}
Facebook планира најпрвин да ја тестира бета верзијата од нивниот пребарувач преку давање пристап на одредена група корисници, а подоцна да ја воведе кај останатите 225 милиони.