Апликацијата за стрипови Marvel Unlimited сега е достапна и за Android. Апликацијата овозможува пристап до куп стрипови на Marvel, поточно до околу 13.000 стрипови објавени во последниве 70 години. Но, стриповите не се бесплатни. Треба да се претлатите за 10 долари месечно или 60 долари годишно ако се регистрирате до 15-ти мај. Покрај претплатата за читање стрипови, можете и да си купите копиите кои чинат од еден до четири долари. Но, не мора да платите веднаш, апликацијата нуди и неколку бесплатни стрипови за читање за да ја тестирате.
Апликацијата пред се е наменета за таблет компјутерите. На помалите екрани на паметните телефони стриповите се тешки за читање бидејќи фонтот е мал. Ја тестиравме на iPhone и искрено ни фалеше лупа. Но, на iPad или, сега на Аndroid таблет компјутер, искуството е далеку подобро.
