Обама нареди да се направи најбрзиот суперкомпјутер во светот

Претседателот на САД, Барак Обама потпиша одредба со која САД ќе се вратат на врвот кога се суперкомпјутерите се во прашање. Потпосот на г. Обама креира нова група за развој на суепркомпјутери – National Strategic Computing Initiative, чија цел е да креира суперкомјутер кој ќе биде 30 пати побрз од најбрзите суперкомпјутери денес и 20 пати побрз од најбрзиот суперкомпјутер во моментов – Tianhe 2 од Кина.

Покрај поголемата брзина, предизвик е и креирање на софвер кој во целост ќе ги користи капацитетите на моќните машини. Тоа што ќе го работи предвидениот суперкомпјутер е креирање на подетални модели на симулациите, тестовите и креирањето на нови летала. Со можноста за анализа на „big data“ и компјутери кои ќе можат да анализираат сетови податоци со големини од еден ексабајт. Oва во медицината ќе овозможи подобро разбирање и алатки за комплексни биолошки механизми, а со тоа и креирање, но и прогнози за најефикасниот третман.

Тимор на NSCI се надева дека „big data“, обработката и анализата на повеќе податоци и комбинација на истите ќе овозможат нов начин на обработка и пресметки, кои пак ќе креираат можност за анализи на модели за кои е потребно екстензивно нумеричко процесирање, како симулација на временска прогноза, паралелно со споредба со податоци кои пристигаат од сателитите.

Иако првото место на листата на 500 најбрзи суперкомпјутери не е во „сопственост“ на компјутер од САД, речиси половина од компјутерите на листата потекнуваат од САД, а иницијативата во следните 10 години најверојатно ќе овозможи повеќе и побрзи суперкомпјутери.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk