За идните видеоигри нема да ви треба глувче и монитор, вели Тим Свини од Epic

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Во иднина видеоигрите ќе се играат без телевизори и монотори, вели Тим Свини, директорот на Epic Games. Наместо ова корисниците ќе играат на дисплеите на очилата за виртуелна реалност како замена за сегашните екрани.

„Верувам дека проширената реалност ќе биде најголемиот технолошки напредок во наше време. Доколку имаме дисплеј за проширена реалност прашањето кое ќе го анализираме е следното. Ако имаме ваков дисплеј тогаш ниту еден друг дисплеј не ни е потребен, на паметните телефони ни им е потребен дисплеј. Не ви треба таблет. Не ви е потребен ниту телевизор. Едноставно го земате екранот со вас во вашите очила каде и да одите“, вели г. Свини.

Но не се е во рацете на креаторите на очилата, потребни се подобри апликации кои подобро изгледаат, а тука клучни ќе бидат развивачите на софтвер. Колку е поголем интересот за овие уреди, толку повеќе ќе напредува и хардверот, па дел од недостатоците кои се присутни ќе бидат поправени во иднина. Oculus Rift VR, Project Morpheus, Valve-HTC Steam VR најверојатно ќе бидат првите уреди за виртуелна реалност, но можеби најинтересен досега е Magic Leap – иако овие очила се и најтаинствените. Токму Magic Leap најмногу го импресионираа г. Свини, но за жал поради NDA не може да сподели повеќе информации, вели во интервју за Venture Beat.

Но за очилата нема да бидат клучни само игрите, туку и филмовите. „Холивуд ја поместува продукцијата во виртуелната реалност за и филмовите да бидат пореални. Гледаме приклонување на различни облици на медиуми. Виртуелната и проширената реалност овозможуваат следна генерација за искустви за игри, филмови и визуелизација.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk