Nvidia ја најави RTX 3060 Ti супер перформанси за 400 долари

во Вести

Картичките од xx60 серијата неколку генерации се најдобри кога е во прашање односот цена и перформанси. Nvidia сега ја најави RTX 3060 Ti картичката која повторно има одлични перформанси за релативно достапна цена. Според најавата RTX 3060 Ti има подобри перформанси од 2080 Super и чини само 400 долари.

Првите верзии на картички за преглед на перформанси се веќе достапни. Бенчмарк тестовите кои ги сподели Ars Technica покажуваат импресивни перформанси. Картичката е конкурентна со најдобрите, иако за 100 долари повеќе 3070 нуди подобри перформанси за потрошените пари.

Сепак RTX 3060 Ti нуди над 40 фрејмови на 4K резолуција за најголем дел од игрите кои се достапни денес. Графичките во оваа серија вообичаено имаат помалку CUDA јадра, а овој пат е намален и бројот на Tensor и RT јадра. Сепак перформансите се подобри од RTX 2080 Super, а цената е само половина од нејзината.

Графичката излегува денес, но за жал тешко е веројатно дека ќе биде вистински достапна во скоро време. Една од причините повторно се крипто-валутите. Растот на цената на биткоин, повторно го зголемува ентузијазмот на „рударите“, а со тоа и потребата за графички картички.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments