Nokia изминатава недела најави дека преку партнерства ќе се обиде да се врати на врвот. Речиси веднаш потоа Nokia најави партнерство со Zeiss. Компаниите соработуваа и претходно пред компанијата да пропадне и брендот да биде продаден на HMD.
Ова не е прва соработка на Nokia и Carl Zeiss. Некои модели и претходно доаѓаа со овие леќи, телефонот со 41MP камера беше изработен од ова партнерство. Сега камерите на новите N3, N5 и N6 ќе бидат изработени во партнерство со Zeiss. Со ова HMD, кој е нов сопственик на брендот Nokia, се надева дека ќе успее да направи доволна разлика за телефоните да бидат препознатливи на пазарот.
Камерите на паметните телефони за најголемиот дел од корисниците се и единствена камера. Сепак најголемиот дел од корисниците и не размислуваат на ова кога го одбираат својот телефон. Сепак камерата е многу напредната, па ова партнерство ќе помогне за подобар телефон. Камерите на Sony, Samsung и iPhone се далеку пред Nokia, па секоја можност да се намали јазот е добредојдена.
What interests me about this video [https://t.co/eSzd0XHvrt] is that it shows 4 smartphones, but Nokia only sells 3 (none w dual lens). pic.twitter.com/RKStSoSgM5
— Evan Blass (@evleaks) May 16, 2017
Можеби најдобрата забелешка доаѓа од evleaks. Видеото со кое е претставено ова партнерство доаѓа со четири телефони. Nokia досега има претставени 3 уреди, ниту еден со дуал камера. На видеото двата од телефоните се со оваа камера. Набрзо по забелешката Nokia го отстрани видеото, но се чини дека тоа единствено ја потврди веста за нови телефони.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.