NSA знаела дека рутерите на Juniper имаат безбедносен пропуст

Американската агенција за национална безбедност (NSA) знаела за безбедносниот пропуст во рутерите на Juniper, кој служел како backdoor за пристапување до мрежите на институции и компании кои го користеле.

NSA не го пријавила пропустот, и иако со тоа ја загрозиле безбедноста на милиони корисници и илјадници компании, сепак веќе знаеме дека агенцијата е виновна за шпионирање. NSA не само што не ги пријавила пропустите, туку ги споделиле и со британската агенција GCHQ, велат податоците ги сподели Intercept, а повторно доаѓаат од Едвард Сноуден. Документот е со назнака „строго доверливо“ и е креиран од вработен во NSA.

Иако нема имплицитен навод за Juniper, во доверливите документи сепак е спомената NetScreen линијата која помага креирање на „firewall“ и VPN, но споменат е и оперативниот систем ScreenOS кој се поврзува со Juniper и NetScreen. Она што можеби повеќе треба да не загрижи е изјавата на Juniper дека станува збор за потполно различен пропуст од оној од минатата недела.

Дополнително во овој документ, кој датира од 2012 година, не постои никакво наговестување дека било која од двете агенции го креирала пропустот, но двете агенции го злоупотребиле своето знаење и постојано ја пробивале заштитата на уредите за податоци. „Опасноста доаѓа од инвестицијата на Juniper и желбата да бидат лидер во безбедноста. Доколку SIGINT заедницата не успее ќе ни требаат години да стигнеме до можност за пристап низ Juniper firewall доколку продолжат да ја зголемуваат безбеноста“, се вели во доверливите документи.

Минатата недела се шпекулираше дека можеби пропустот е вграден од странска агенција, но последните информации од докумените на г. Сноуден можеби го вртат фокусот кон NSA.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments