0 коментари 2 мин. читање 25 декември, 2015

ArcaBoard е вистински летечки скејтборд, но чини 20.000 долари

Оваа година веќе можевме да видиме прототип на лебдечки скејтборд, но на само една недела пред Нова Година можеби го добивме подарокот порано. ArcaBoard е лебдечко превозно средство, што функционира со помош на куп вентилатори (36 вкупно) кои креираат доволен потисок. Вакви возила постоеjа и претходно, но беа прототип на Армијата на САД, а клучно беше што се многу многу скапи. ArcaBoard не е премногу далеку со цената од војните прототипи, чини 20.000 долари и лета само 6 минути, па можеби е подобро да го замислиме како уште еден доказ за концепт, наместо како реално достапен летечки скејтборд.

Компанијата зад превозното средство е сериозна и најавува дека првите испораки ќе започнат на 15 април следната година. Купувачите ќе имаат можност да се повозат 6 минути со максимална брзина од 20 km/h и потоа да чекаат 35 минути за полнење на батериите за следните 6 минути забава. Со исклучок на последниот уред, станува збор за наградувана компанија која произведува ракети и беспилотни летала, а го тестираа и падобранот за ExoMars со кој во 2016 година ќе слета вселенскиот брод кој ќе биде во мисија на Марс.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top