1 коментар 2 мин. читање 21 декември, 2015

САД стравува од сајбер шпионажа поради безбедносен пропуст во рутерите на Juniper

Најден е безбедносен пропуст во рутерите и останатата мрежна опрема на калифорниската Juniper Networks, што предизвика вознемиреност кај безбедносните експерти. Според CNN, властите во САД стравуваат дека пропустот им овозможил на хакери да ги шпиoнираат владините комуникации во период од три години. Споменатиот софтвер се наоѓа во ScreenOS кој се користи за надгледување на податоци кои влегуваат и излегуваат, најчесто кај поголемите компании. Во софтверот е вметната backdoor преку која е можен далечински пристап до рутерите.

Известувањето за можното пробивање доаѓа директно од Juniper Networks, иако без потврда дека некој навистина и го злоупотребил пропустот. Компанијата вели дека оној кој го напишал софтверот може да го користи за шпионирање на криптирани разговори. Засега нема податоци како и кој би можел да го вметне кодот, но од Juniper велат дека сите треба веднаш да го надградат софтверот на своите системи.

Но, американските власти веќе започнале истрага под сомневање дека зад безбедносниот пропуст стои друга држава. Нема информации за која е таа држава, иако вообичаено прстот е вперен кон Кина и Русија, вели CNN. Во моментот не е познато кои доверливи податоци можеби биле цел на напади, бидејќи уредите на Juniper се користат од голем број институции.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top