0 коментари 2 мин. читање 21 октомври, 2013

NSA го хакирала мејлот на мексиканскиот претседател

Националната агенција за безбедност (NSA) и нејзината специјална единица наменета за специјални цели, Tailored Access Operations (TAO) кои неколку години ја следеле mексиканската влада, пристапиле до јавниот имејл на мексиканскиот претседател Енрике Пења Њето, објави Der Spiegel. Според извештајот обелоденет од поранешниот aналитичар на CIA, Едвард Сноуден, се вели дека мисијата била успешно завршена во мај 2010 година. Во него се вели дека „TAO успешно го експлоатирале главниот мејл сервер на кој се наоѓала мрежата на Мексиканскиот претседател и добиле пристап до и-мејлот на претседателот Фелипе Калдерон”.

Според NSA, овој домен со мејлови го користеле и членови на неговиот кабинет и се откриени и други дипломатски, економски и лидерски комуникации со кои се добило увид на Мексиканскиот политички систем и нивната внатрешна стабилност. Оваа операција наречена Flatliquid е откриена од страна на Едвард Сноуден, а покрај Мексико, како едни од метите на NSA се споменува и Бразилскиот претседател Дилма Русеф кој пред месец време го откажа своето патување во Вашингтон.

Можните мотиви позади овие операции се верува дека се економски и дека покрај следењето на комуникацијата преку мејл, САД ги следеле и телефонските разговори на Petrobras, кои се една од водечките корпорации за нафта во Бразил, а тамошната влада ги држи голем број од акциите.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top