Во тек е истражување за навиките, ставовите и однесувањето на Facebook корисниците во Македонија, спроведено според меѓународнa методологија, од Агенција Рејтинг и New Media MK. Резултатите ќе бидат презентирани на втората AllWeb MK која ќе се оддржи на 15-ти ноември.
„Истражувањето ќе биде интересно за сите организации или индивидуи кои на еден или друг начин го темелат своето делување и комуницирање преку социјалните медиуми. Почнувајќи од медиумите, НВО секторот, владините институции па се до влијателните личности од јавниот живот би имале корист од информациите и резултатите кои ќе произлезат од оваа студија.“, вели Никола Спасов од Агенцијата Рејтинг.
Никола објаснува дека истражувањето ќе биде изработена според меѓународна методологија, односно е дизајнирано така да обезбеди репрезентативен примерок на Facebook корисници кои ќе можат да се генерализираат на ниво на оптата популација. Истражувањето е поделено во шест целини од дел за фрекфенцијата на користење, број на пријатели и вмрежување, до откривање на целите за кои се користи Facebook.
Претходното истражување за Twitter, кое го спроведе Рејтинг, откри доста интересни работи за локалните твитерџии кои 32 отсто се занимаваат со дизајн и програмирање, а 27 отсто со маркетинг; повеќето твитови се инспирираат од офлјан настани, а најчесто се твита од 20 до 22 часот; не е изненадување што омилената тема е политиката, иако ретко кој твитерџија следи политичари.