Производителот на автомобили на CES 2012 во Лас Вегас најави дека серијата автомобили која ќе биде пуштена во продажба во 2013-та година ќе има интегрирани Facebook, Yelp и Google апликации. Aпликациите ќе бидат дел од mbrace 2 системот на Mercedes-Benz кој има екран со висока резолуција и брза везжична интернет конекција.
„Сега кога автомобилите имаат екран кој е интелигентен, би очекувале да видиме повеќе и повеќе производители на автомобили кои ќе сакаат преку тие екрани да им овозможат на луѓето да се поврзат со нивните пријатели и да ги искористат друштвениот контекст.“, вели одговорниот за партнерства на Facebook, Ден Роуз, за Reuters.
Преку екраните, вели тој, ќе може да се искористи GPS навигацијата за да се следи кои пријатели се блиску до вас.
Сепак, заради безбедноста на возачот и другите околу него, апликациите нема да поддржуваат било каква активност што бара вметнување на текст додека возилото е во движење. Според Mercedes, друштвените апликации одвлеуваат исто толку внимание како и радиото и системите за навигација.
Facebook апликацијата ќе прикажува само претходно напишани постови (примери) за автоматско постирање со само еден допир на екранот. Може да се очекува и да се користат тие приспособени апликации заедно со технологијата за препознавање на говор за да може двете раце на возачот да му бидат на воланот.