iOS 5.1 бета 3 oткрива дека новиот iPad ќе има Siri и четири-јадрен процесор

во Софтвер, Хардвер

Новата iOS 5.1 бета 3 верзија, која Apple ја сподели со програмерите, открива дека новиот iPad таблет, заедно со подобар процесор, ќе го има и личниот асистент Siri. Во бета верзија на мобилниот оперативен систем е додадена нова секција во менито за тастатурата во кое се опишува за дикцијата и приватноста. Во таа секција се открива стандардниот легален текст за Siri, открива 9to5mac.com.

Најверојатно Apple ќе го додаде Siri во новиот iPad 3 за да го направи ексклузивен новиот таблет компјутер и да привлече повеќе заинтересирани, како што беше случајот со iPhone 4S. Siri го има само на новиот iPhone 4S, иако се покажа во неколку примери дека Siri може да функционира на постарите модели на паметниот телефон на Apple.

Токму поради последново, постои можност секцијата од iOS 5.1 бета 3 да значи дека Apple наскоро ќе овозможи Siri на останатите iOS уреди.

9to5mac.com открива и дека во iOS 5.1 бета 3 има референци за четири-јадрен процесор (quad-core). Според блогот, иако тоа не мора да значи дека новата генерација iPhone и iPad уреди ќе имаат таков процесор, сепак веројатноста е голема бидејќи од претходно се знае дека Apple работи на A6 процесор. Подобар процесор ќе значи дека iPad 3 ќе може да има и Retina екран со висока резолуција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
aleksandar
aleksandar
14 years ago

samsung samo znaat kopija da napravat .ne se originalni

Дедо Мраз
Дедо Мраз
14 years ago
Reply to  aleksandar

-_-

@pincetaman
14 years ago

и после нив самсунг прават таблет со појак процесор : ]