0 коментари 2 мин. читање 11 јануари, 2012

Летајте со првиот „квадрикоптер“ AR Drone со вашите паметни телефони

Parrot на CES ја претстави новата подобрена 2.0 верзија на своето AR Drone летало кое сега е со нов дизајн. Компанијата, која изработува безжични уреди за мобилни телефони, исто така ја претстави и бесплатната верзија на апликацијaта за контрола на леталото за Аndroid. Претходно беше објавена и iOS верзија.

Една од позабавните новини е автопилотот на леталото кое може да биде испратено на одредено место, пример да ви одлета дома. Другите новини се камера од 720p HD за снимање со леталото, нови сензори како акселометри, магнетометри, гироскоп и камери кои гледаат надолу за да помогнат при одредување на брзината на леталото. Далечината од која може да се контролира леталото е 50 метри.

Апликацијата за управување на возилото е бесплатна, како и сите другите апликации за леталото кои се всушност игри со проширена реалност, но AR Drone леталото ќе треба да го купите. Тоа чини околу 300 долари.

[youtube]Uj6yzp6yTJ8[/youtube]

[youtube]z8YeE9fUT7w[/youtube]
Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top