0 коментари 1 мин. читање

Новите инженери во Apple првин се докажуваат на лажни продукти

Понекогаш новите вработени во Apple се ставаат да работат на лажни продукти се додека компанијата од Купертино, која е позната по својата таинственост, не се осигура дека може да им верува, открива Адам Лашински од магазинот Fortune во интервју за LinkedIn.

Оваа интересна пракса беше потврдена и од поранешен вработен во Apple.

„Еден мој пријател кој беше синиор инженер во Apple, работи – или не работи – на лажни продукти во првиот дел од својата кариера, и му прават интервјуа во тек на 9 месеци. Доста е напнато.“

Подолу е видео од краткиот сегмент од гостувањето на г. Лашински во LinkedIn. Целото интервју за таинственоста и затвореноста на Apple ќе го најдете тука.

[youtube]jmUhZ6wt3Oo[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top