0 коментари 2 мин. читање 30 јануари, 2012

FBI ќе избрише податоци од 50 милиони корисници на Megaupload

Американското Федерално истражно биро доби налог за пристап до серверите на Меgaupload кои се сместени во Хонг-Конг и Вирџинија, САД. Според писмо испратено од FBI до американскиот обвинител, двете хостинг компании Carpathia и Cogent ќе избришат податоци од најмалку 50 милиони корисници. Megaupload има околу 150 милиони регистрирани корисници.

Корисниците стравуваат дека многу закачени легални фајлови, како фамилијарни фотографии и документи ќе бидат избришани. Тие во моментов не можат да ги извлечат податоците бидејќи немаат пристап до нив уште од 19 јануари кога Megaupload беше исклучен, a неговиот сопственик и уште петмина беа уапсени заради прекршување на авторски права и перење пари.

Адвокатот на Megaupload, Ира Роткен вели дека е „внимателен оптимист“ за да се направи договор со властите за да се повратат корисничките податоци. Бидејќи FBI ги замрзна сметките на Megaupload, компанијата сега нема пари да плати за користење на серверите. Но, според г. Роткен, доколку им биде дозволено да ги зачуваат податоците и серверите за судска одбрана, тогаш најверојатно и корисниците ќе добијат пристап да си ги извлечат податоците.

Според писмото, FBI веќе ископирале одредени податоци кои ќе им бидат потребни за понатамошна истрага.

FBI чека дозвола за екстрадикција на основачот на Megaupload, германецот Ким Дотком од Нов Зеланд, кадеживее и беше уапсен, во САД, каде е обвинет за аправена штета од пола милијарда долари. Иако Megaupload е базиран во Хонг-Конг, според американските власти тие имаат законско право да реагираат против компанијата бидејќи дел од серверите се чувани во САД.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top