Новите Intel Haswell процесори ќе ја подобрат батеријата и моќта на таблет компјутерите

Intel ги презентираше процесорите од Haswell серијата, и ако судиме според определбата на најголемиот производител, иднината е во ултрабук и таблет компјутерите. Дури 15 од 16 процесoри се со ознаки U, Y или М, односно за употреба во преносни уреди. Покрај нив Intel претстави и еден единствен енергетски ефикасен i5-процесор за десктоп компјутери.

Новите процесори се речиси 15 отсто помоќни, а некои од нив доаѓаат со интегриран GPU-Iris кој е двапати побрз кога станува збор за 3Д графика или кодирање на HD видео, ова повеќе се должи на промена на архитектурата, отколку на промена на транзисторите. За дел од корисниците ова ќе значи дека нама да има потреба од дополнителна графичка картичка, јавува BBC.

Намената на процесорите е да бидат користени во лаптопи, а веќе можевме да видиме и некои од нив на презентацијата на ASUS. Помалото загревање ќе овозможи производителите на хибридните лаптопи да го префрлат процесорот зад дисплејот што ќе направи значително помоќна таблет страна на хибридот, но и ќе ја отстрани потребата од дополнителен процесор за времето кога уредот ќе функционира како таблет.

Процесорите од новата серија имаат значително намалена потрошувачка на енергија па како последица на ова е потребно помало ладење, според Intel растурената енергија кај некои од процесорите е намалена за дури 25 отсто. Покрај овие предности, намалувањето на потрошената енергија кај лаптоп или таблет комјутерите ќе го зголеми траењето на батеријата според Intel отсега едно полнење на уредот би можело да трае дури 50 отсто повеќе.

Овие предности за жал доаѓаат и со повисока цена новата цена на i5-процесорите ќе биде 342, а на i7 454 долари. Што е значителен скок од досегашните 250, односно 346 долари пишува Forbes.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments