Napster сега е достапен во уште 14 европски земји

во ИТ.ЕУ

Музичкиот сервис Napster, во сопственост на Rhapsody од 2011-та година, ќе стартува уште во 14 европски земји. Сервисот кој ја популаризираше пиратеријата, сега е претплатнички сервис за кој се плаќа 10 евра месечно. За тие пари ќе добиете пристап до неограничен стриминг на 20 милиони песни од било кој десктоп или мобилен телефон.

Rhapsody веќе има околу 1 милион претплатници во САД, Британија и Германија. Планот е со претставување на Napster во Европа – најверојатно одат со брендот Napster за да го искористат култното име – да се добијат уште 5 милиони претплатници во период од три години, вели компанијата. Но, тоа што ќе биде проблем е сериозната конкуренција, пред се Spotify кој нуди бесплатен и платен стриминг без реклами. Spotify има 24 милиони корисници, од кои 6 милиони се претплатници.

За жал, Napster и другите конкурентни популарни музички сервиси Rdio и Spotify, нема да бидат достапни во Македонија, но, има сервиси како Deezer кои се достапни во земјава. Проширувањето на сервисите во други европски земји е добар знак дека сервисите добиваат на моментум и зафаќаат повеќе пазари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments