Новиот Samsung Galaxy Note 9 достапен и во Македонија

во Вести

Ако имате 60 000 денари и ако баш сакате да купите телефон со нив имаме добра вест. Од денес и во Македонија е достапен најновиот телефон на Samsung Galaxy Note 9. Секако станува збор за претпродажба, а иако 60 000 денари се препорачана цена, конечниот збор ќе го имаат партнерите на Самсунг Македонија, Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун.

Што се однсува до Note 9, ако не е најдобриот голем телефон, тогаш секако е некаде високо при врвот.  Samsung никогаш не штедел ниту правел компромиси со оваа серија. Секако не секогаш лансирањето било совршено, но и тогаш купувачите на Note можеа да ги вратат телефоните. (Секако зборуваме за проблемите со запаливите батерии).

Со оглед на најавената цена, најверојатно станува збор за основната верзија на телефонот. Основниот модел доаѓа со 6GB RAM и 128 GB флеш диск.

Најдобриот модел чини 1250 долари и доаѓа со 8 GB RAM и 512 GB диск (за овој уред цената не е објавена). Со microSD картичка меморијата може да се прошири до 1 TB. Како сите Android уреди од висока класа и овој доаѓа со Snapdragon 845, иако има серии кои излегуваат и со Samsung Exynos процесор.

Сепак најголема предност на оваа верзија на Note e фокусот на функционалноста и продуктивноста. Samsung DeX е интегриран во самиот уред, нуди и искуство слично на користење на компјутер. Корисниците можат да работат на своите презентации, да ги уредуваат фотографиите и да го гледаат омиленото шоу, сето ова преку својот телефон. Кога е поврзан со монитор, Galaxy Note 9 може да напојува виртуелен десктоп, па дури и да служи како целосно функционален втор екран.

Ако сте фан на Samsung, македонскиот претставник има уште една добра вест за вас. Galaxy Watch доаѓа oд 21 септември во Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун. Цената на часовникот е 20 000 денари. Новата генерација на паметни часовици има подобра батерија, а вклучува и функции за следење на фитнес и следење на спиењето.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments