0 коментари 2 мин. читање 24 август, 2018

Македонскиот тим Vilay eSports Academy оди на Светското еСпорт првенство во Каошиунг

По три месеци лигашки натпревари и финале, Македонија го доби својот еСпорт шампион. Тимот „Vilay eSports Academy“, излезе како најдобар од овие натпревари и заслужено оди да ја претставува Македонија на Светското првенство во Counter Strike: Global Offensive. Светското првенство се одржува во ноември во Каошиунг, Тајван.

Патот на Vilay eSports Academy до финалето не беше лесен, но не беше лесен ниту за останатите учесници. Во првата фаза влегоа 24 тима, по изиграните квалификациски натпревари само најдобрите 8 влегоа во „Лига 1“. Во финалната фаза која се играше лан влегоа само 4 тима: Vilay eSports Academy, LeveL, Atrox Gaming и Gem Team.  „Офлајн фазата се одржа на 21 август 2018 година во интернет кафето „Zero Gaming“ во Тетово. Тимот на Vilay остана непоразен, a низ дигиталниот нишан се „испробаа“ со тимовите Atrox и Gem Team“, велат од Македонска еСпорт Федерација.

Досега Македонија испратила свои претставници на вкупно 9 светски и 2 европски првенства во еСпорт. Во светот овие натпревари полека, но сигурно го пронаоѓаат своето место. За жал во Македонија некако еСпортот, а и гејмингот воопшто не успева да се етаблира. Ова е поголемо изненадување, имајќи предвид дека со Мартин Саздов имаме играч кој е во самиот врв на Дота 2 натпреварите со години.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top