Новиот Razer Blade е најтенкото гејминг чудовиште со резолуција од 3200×1800 пиксели

во Хардвер

Razer ја претстави најновата верзија на гејминг лаптопот Blade, кој покрај моќните перформанси за да се играат сите high-end игри на најдобра графика, и покрај тоа што е само 1,7 сантиметри тенок, доаѓа со 14-инчен екран на допир со досега-нечуена-резолуција-за-лаптопи од 3200 x 1800 пиксели. За споредба ланската верзија на Blade имаше само половина од таа резолуција, 1600 x 900.

„Многу луѓе бараа од нас да им понудиме 1080 екран, но ние отидовме чекор понатаму со QHD+ диспеј. Ова, во моментот, е, без конкуренција, најдобриот екран за гејминг лаптоп во светот“, вели директорот на Razer, Мин-Лианг Тан за Wired.

За да ја издржи таа резолуција новиот Blade е опремен со најновата генерација на Nvidia GeForce GTX 870M графичка картица со 3 GB посветен GDDR5 VRAM; 8 GB DD3L меморија и работи на четвртата генерација на Intel Core процесор, i7-4702HQ со четири јадра. Се продава со 64-битен Windows 8.1, oд 128 до 512 GB SSD, три USB 3.0 портови, full-HD камера и има батерија која држи до шест часа. Сепак, иако Razor Blade има фасцинанта резолуција, и е можеби вашиот омилен лаптоп кој сте го сонувале, цената од 2.199 долари е доволна висока да ве врати во реалноста дека може да се ужива во игрите и без максимална графика.

[youtube]VVFVxfCFTrI[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments