Новата верзија на микро-компјутерот Raspberry Pi 2 доаѓа со побрз процесор од 900MHz со четири јадра и поголема меморија од 1GB, но цената му останува евтина. Pi чини само 35 долари, што беше целта на компанијата да го популаризира малиот компјутер кој „сега е корисен“ и може да им послужи на сите – од искусните програмерите кои сакаат да си играат со електроника до почетниците програмери и учениците по информатика. Pi веќе се користи низ илјадници училишта ширум светот.
Се што фали на уредот е тастатура, MicroSD картичка за оперативниот систем и кабли за да го поврзете со монитор.
„Ова сега е вистински PC“, вели основачот на Raspberry, Ибен Аптон, за BBC. „Може да правите се што правите со PC. Може да сурфате на Веб, да гледате видео, да играте игри како Minecraft. Но додадовме и алатки за децата да научат како да програмираат“.
BCM2836 silicon bringup from Raspberry Pi Foundation on Vimeo.







