Паметните телефони, таблет компјутери и слични уреди овозможуваат постојано да бидеме во контакт, со пријателите, познаниците или фамилијата, со медиумите, со непознатите лица кои ги следиме на Twitter. Сепак која е границата на „пристојност“ на користење на овие уреди и дали премногу често ја поминуваме? Најверојатно сите сме биле во ситуација кога соговорникот или целото друштво на маса постојано го проверуваат својот паметен уред, па како сме се чуствувале тогаш? Токму ова е темата на TED говорот на консултантот за брендови, Рени Глисон. Говорот е кус, смешен и интересен, а главната тема е „искуството кое го доживувам сега е помалку интересно од она што ќе го твитнам за него покасно“.
„Кога стоите до некој, а постојано сте со вашиот мобилен уред во рака, тоа што им го кажувате е – Не си толку важен како буквално речиси било што што може да пристигне преку овој уред“.
TED говорот е постар, објавен е во 2009-та година, но добар дел од проблемите кои ги истакнува не само што сè уште се актуелни, туку најверојатно се и уште поизразени.