Снимен со iPhone и апликација од осум долари, Tangerine е хит на Sundance

во Мобилни, Свет

Еден од најдобрите филмови на Sundance фестивалот, филм за проститутки-трансексуалци од Холивуд, Tangerine, е направен со iPhone 5S и апликација која чини само 8 долари, пишува Verge. Филмот е прв филм снимен речиси целосно со iPhone 5S кој учествува на филмски фестивал со големина на Sundance.

Tangerine е снимен со три iPhone-и и Filmic Pro апликацијата која чини 8 долари, која овозможува прецизна контрола на фокусот, блендата и боите на снимките направени со телефонот. Поради малата тежина и димензиите на телефонот беше потребен е статив со кој телефонот ќе биде стабилен, за што тимот користеше Steadicam за стабилизација на телефоните. Беа искористени и прототипи на филтри од Moondog Labs со чија помош филмот беше прилагоден за големото платно. „Да бидам искрен, немаше да го направам филмот без овие филтри. Со нивна помош филмот си го најде местото на големо платно“, вели режисерот Шон Бејкер.

Можеби најголем проблем кој г. Бејкер го имаше со филмот е да се убедат актерите да работат на филм кој се снима со телефон. „Не бев убеден за работа на филмот, пред се поради гордоста. Си велев, боже глумев во Wire. Ќе завршам во iPhone филмови“, вели Џејмс Рансон еден од актерите во филмот. За среќа и покрај недостатоците кој ги има филмот, за кој поопширно пишува Verge, приказната која ја раскажува филмот е доволна за филмот да биде потполн успех на фестивалот и да биде доказ дека кога е во прашање уметноста, техничките и финансиските средства не се од пресудно значење.

„Резултатот барем според мене е идеален Sundance филм: потполно непредвидлив, во свет кој не сум го посетил и приказна која голмите студија не би ја пипнале со триметарски стап“, констатира Кејси Њутон од Verge.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments