Новиот iPhone ќе има 4-инчен екран, малку поголем од 3,5 инчниот кој го видовме на сите пет генерации на паметниот тeлефон од Apple, дознава Wall Street Journal повикувајќи се на анонимни извори блиски до компанијата кои велат дека Apple нарачал поголеми екрани од своите азиски партнери. Информацијата подоцна беше потврдена и од Reuters.
Но, освен поголемиот екран, нема други детали за новиот iPhone.
Според изворите на WSJ, Аpple за екраните соработува со јужно корејските LG Display, јапонскиот Sharp и Japan Display Inc., нова компанија креирана од пред месец дена од три јапонски компании и јапонската влада. Производството на екраните ќе започне во јуни.
Најголемиот мотив за Apple да го зголеми екранот, кој е со исти димензии од 2007-ма година, е да бидат во тек со конкуренцијата која претставува нови уреди со поголеми екрани со големите од 4 инчи или 10 сантиметри.
Најголемата конкуренција доаѓа од Samsung кој од неодамна стана најголемиот мобилен произведувач. Samsung има број различни уреди, во споредба со Apple кој продава само еден телефон, сепак тие уреди на Samsung имаат екрани од над 4 инчи, а екранот на Galaxy Note има неверојатни 5,3 инчи, што е привлечно за корисниците кои се почесто ги користат паметните телефони не само за апликации, туку и за прегледување на сајтови, често и читање книги.







