Новиот iPhone 6S е достапен, а со него и првите прегледи на уредот. Вообичаено S-сериите не носат новитети кога изгледот на телефонот е во прашање, но хардверот се надградува. Tака е и овојпат, а според сите први прегледи станува збор за најбрзиот iPhone досега.
Со оглед на тоа дека iPhone 6 има два модела, доаѓаат и две надргадби iPhone 6S и iPhone 6S Plus. Ниту надградбата на хардверот, ниту брзината, ниту подоброто заштитно стакло, ниту поцврстиот алуминуим, ќе бидат позначајни од 3D-Touch. Причината за ова е едноставна, 3D Touch е единствената функционалност или дел од хардвер кој ќе биде присутен и на следните генерации на телефоните.
Новата команда, овозможува побрза навигација низ апликациите или екраните, дополнителни команди кои претходно не биле достапни или немало можност за нивна имплементација.
„На почетниот екран иконите кога ќе ги притиснете имаат брзи акции (quick action). Притискањето на календарот покажува дополнителни детали за датата, а притискањете врз мапата става маркер на локацијата. притискањето на Mail отвора детали за пораките, посилен притисок ја отвора пораката. Во Safari лесен притисок отвара преглед,а посилен притисок ја отвора странта,“ објаснува Verge.
За жал кога е 3D Touch не се само добри вести. Технологијата е нова, па најголем дел од апликациите од трети производители не ја имплементирале. Ова ќе се промени во иднина, но барем за сега станува збор за супер опција која најголем дел од апликациите не ја користат. Ова најмногу важи за корисниците кои веднаш ги менуваат апликациите на Apple од телефонот со подобри, па за нив новата команда во почетокот нема ниту да постои.
„3D-Touch функционира совршено, но прашањето е: Што може да направите со него? Во моментов ништо… За среќа 3D-Touch е во прогрес па девелоперите ќе можат да го искористат и да креираат различни нови примени,“ вели Sydney Morning Herald.
За разлика од претходните телефони овојпат новата верзија ниту е полесна ниту е потенка. Ова е разбирливо со оглед на просторот потребен за 3D-командите и поцврстиот алуминиум, а довчерашните заговорници дека полесно и потенко е подобро сега ќе не убедуваат дека додадената тежина е подобра.
Кога харверот е во прашање новиот iPhone доаѓа со нов двојадрен А9-процесор на 1.7GHz и 2 GB RAM. Дисплејот на телефонот е непорменет и останува Retina HD 1,920х1080. Камерите на S-серијата се надградени од 8 на 12 МР, променет и е сензорот, а видеата снимени со новиот iPhone може да бидат и со 4К резолуција. Надградена е и предната камера на 5МР од досегашните 1.2МР.
Уште еден новитет кој доаѓа од оваа верзија на iPhone, но нема никаква поврзаност со телефонот, е понудата која Apple ја испорачува за корисниците. Цената на iPhone 6S и iPhone 6S Plus е 650 односно 750 долари. За прв пат Apple самиот ќе започне да нуди телефони со договор, кој ќе доаѓаат отклучени по цена од 27, односно 32 долари месечна претплата. Со овој договор корисникот ќе може секоја година и да го надгради телефонот.
„iPhone 6S е најдобриот телефон досега, точка! Доколку имате iPhone 6, можеби новите функционалности не се доволни за надградба. За сите кои имаат постар iPhone или сакаат да го сменат Android телефонот, овој iPhone ќе ве направи многу посреќни,“ вели Recode.







