0 коментари 2 мин. читање 22 септември, 2015

Project Titan – проектот за автономни возила на Apple

Apple и Google по се изгледа најдоа ново поле каде можат да си конкурираат, а овојпат друштво ќе им прават Uber и Tesla. Станува збор за автономно возило, а компанијата од Купертино работи на сопствен модел, велат извори на Guardian.

Претставници на Apple веќе се сретнаа со претставници на Одделот за моторни возила, а на средбата покрај заменик директорот и шефот за стратешко планирање беше присутен и Бернард Сориано – експерт за автономни возила. Проектот за автономни возила на Apple е наречен Project Titan, а се чини дека се во поодмината фаза, па компанијата бара тест стаза за својот автомобил, која најверојатно е и пронајдена на напуштена воена база во близина на Сан Франциско.

Во моментов нема цврст доказ дека Apple работи на автономно возило. Од компанијата можеби се сретнаа со регулаторот да дискутираат за iCar – системот на Apple за паменти возила, кој сепак не е ниту приближно напреден за да биде автономно возило. Со оглед на тоа дека податоците за автономни возила се јавни, доколку веста е точна, наскоро ќе дознаеме повеќе.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top