0 коментари 2 мин. читање 24 септември, 2015

Широкопојасниот интернет е основна комунална услуга

Широкопојасниот интернет е основна комунална услуга, како електричната енергија или водата, вели Белата Куќа. Ова е една од многуте промени кои ги направи администрацијата на Барак Обама, барем кога интернет е во прашање, а претседателот лично се обрати на FCC кога побара интернетот да биде префрлен како стандарден сообраќај.

„Широкопојасниот интернет полека, но сигурно се префрла од изборна услуга во задолжителна услуга,“ стои во извештајот.

Креатор на документот е Советот за широкопојасен интернет креиран токму од претседателот на САД. За жал и покрај потребата од брз пристап за интернет, една шесттина или 51 милион Американци, немаат пристап до интернет со оваа брзина или по неодамнешното менување, брзина од најмалку 25Mbps.

Податоците кои се коористени во истражувањето се малку постари, од 2013 година, а од промената во класификациијата за широкопојасен интернет од 10 на 25 Mbps е од оваа година. Како последица на оваа рекласификација, голем дел од граѓаните на САД изгубија еден од комуналните сервиси, а операторите и тогаш се жалеа дека поради ова ќе претрпат штета.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top