Новата надградба на Windows 10 со тест заштита од ransomware

Microsoft ќе се обиде да им стави крај на ransomware нападите. Новата надградба на оперативниот систем ќе се обиде да ги заклучи податоците и со тоа да забрани нивно криптирање.

Засега anti-ransomware заштитата е во тест фаза. Идејата е еднoставна, целосна контрола на пристап до фолдерите преку Windows Defender. Заштитата постојано надгледува дали некоја апликација прави промени во заштитените фолдери. Штом забележи премена, апликацијата се запира (blacklist) и корисникот добива нотификација.

Ако корисникот самиот ги прави овие промени може веднаш да ги овозможи промените и да одобри пристап на апликацијата до контролираните фолдери. Корисникот самиот си додава фолдери кои се заштитени (контролирани), ова важи и за апликациите кои можат да имаат пристап до контролираниот фолдер.

Можен недостаток на оваа заштита е пристап и криптирање на податоците со некоја екстензија, пример word-макро, вели ArsTechnica. Дополнително, проблем може да биде и заразување на апликации кои веќе имаат пристап до овие фолдери.

Заедно со ransomware заштитата, Microsoft додаде нова заштита за Edge. За заштита од пропусти во прелистувачот, Edge сега работи во специјална виртуелна машина. Со новата надградба виртуелизацијата на Edge може да зачувува лозинки и интернет колачиња.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments