Samsung ќе понуди нов телефон од деловите на Note 7, дел од новите уреди со поддршка за Windows Hello

Минатата година Samsung ги повлече своите Galaxy Note 7 уреди поради сериозни прoблеми и експлозии на батеријата. Оттогаш се појавија неколку вести за повторна продажба на Note 7, но сега и официјално Samsung става крај на оваа приказна. Деловите од Note 7 ќе бидат искористени во нов уред, Note FE (Fan Edition).

Досега се повлечени 2.5 милиони Note 7 телефони. Компанијата најави дека има 400.000 готови Note FE уреди кои ќе се продаваат за околу 615 долари, јави BBC. Батеријата на новите уреди помина низ ригорозни тестови, уверуваат од Samsung. Новиот уред доаѓа под притисок на активистите кои бараа од Samsung да не ги уништува телефоните, туку да ги искористи.

„По пет месеци акции низ целиот свет, Samsung ја крена главата од песокот и се обврза да рециклира милиони Galaxy Note 7 телефони. Ова се одлични вести за стотици луѓе кои ја поддржаа акцијата“, вели Greenpeace.

Со ова компанијата се надева дека ќе го намали влијанието врз животната средина. Samsung Note 7 беше прогласен за најдобар Android телефон. За жал брзо по продажбата се покажа дека телефонот има проблеми со батеријата и експлодира. Samsung еднаш ги повлече телефоните, но и втората батерија ги имаше истите проблеми. По ова компанијата се одлучи во целост да го „пензионира“ уредот. Дури и вака, дел од фановите не ги враќаа телефоните, па компанијата софтверски мораше да ги исклучи телефоните.

Добра вест за сите сопственици на понови Samsung уреди е дека компанијата овозможи користење на телефоните за отклучување со Windows Hello. За жал ова важи за уредите со Android Marshmallow и понов оперативен систем, S6, S7 и S8. Windows Hello овозможува отклучување на компјутерот со телефонот, односно компјутерот автоматски се отклучува кога телефонот е во близина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Junior Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk