0 коментари 1 мин. читање

Новата игра од Nap Nok Games доаѓа на 7 март на PS4

Новата игра на девелоперите на видеоигри кои имаат свои канцеларии и во Македонија, Nap Nok Games, излегува на 7 март.  Играта Frantic е изработена во партнерство со Sony XDev и истовремено е прва игра на студиото за PlayStation конзолата. Frantics е и првата игра на која работеше одделот на Nap Nok од Скопје.

Станува збор за „party“-игра која на четири играчи ќе им овозможи забава преку различни мини игри. Ѕвезда на играта е лошата лисица, која е тука да го зголеми ривалството. Frantics е игра која е наменета за сите, без разлика дали се љубители на видеоигри или не. Играта е компетитивна, но не се потребни специфични вештини да ја играте, па ќе биде одлична на забавите.

Играта е составена од 15 мини игри, плус дополнителни предизвици на лошата лисица. Сите игри се предизвик за рефлексите и за прецизноста на играчите, во кои ќе треба да бидете подобри од пријателите. Изборот не недостасува, па секој учесник ќе може да избере некое од 12-те пресмешни животинчиња.

Длабоко друштвена, будалеста и истражува интересни технологии и интерфејси“, вели Дијана Димовска, ко-основач на Nap Nok за Frantics.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top