Четврто издание на Tech.O на тема “Општествено влијание и еднаквост преку иновација и технологија”

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.МК

На 7ми март ќе се одржи четвртото издание на Tech.O, во организација на Valoso Hub. Темата на дискусија оваа година ќе биде “Општествено влијание и еднаквост преку иновација и технологија”.

На оваа ќе може да се запознаете подобро преку говорниците на настанот;

  • Едвард Гонзалес, директор за генерален развој во УСАИД Македонија
  • Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг
  • Љубомир Стојчески, основач на Freshy’s – прв ресторан за здрава брза храна, кој практикува социјален бизнис модел
  • Весна Кузмановиќ, ментор за социјални претпријатија
  • Трејси Спаркс, стратег за иновации и дизајн

После презентациите, присутни ќе може да го видат ‘Social Impact’ делот каде ќе имаат можност да се запознаат и со работата на неколку стартапи, од кои дел и се наградувани за општествено влијание. Сите овие претпријатија користат иновативни пристапи и се залагаат за користење на технологијата за подобрување на работата во различни индустрии; максимално користење на ресурсите и користење на еколошки производи; отворање нови работни места за ранливи групи и друго.

Овогодинешното 4-то издание ќе има и хуманитарен хуманитарен карактер, дел од средствата што ќе се соберат ќе бидат донирани во добротворни цели и искористени за поддршка на социјални проекти.

Доколку сакате да дознаете повеќе и да се регистрирате посетете ја официјалната страна.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments